Музеј на Македонија Logo

Јелена Белиќ - самостојна изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса”

Јелена Белиќ - самостојна изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса”

Сабота (23.11.2024), беше отворена самостојната изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса?” на авторката Јелена Белиќ во Музеј на Р. С. Македонија. Оваа фотографска приказна, изградена со моќен поетски јазик, се потпира на визуелна палета која е истовремено минималистичка и богата со детали. Она што, пак, е веднаш видливо е тивката енергија на авторката, опиплива во нејзините фотографии.

Преку нејзините субјекти, суптилно создава чувство на интимност и на интроспекција. Секоја фотографија е прозорец во приватен свет, покана за гледачот да се препушти во неискажаните длабочини на човечкото искуство, да се изгуби во наративот, емотивно да го насели просторот, потпирајќи се исклучиво на сопствената имагинација.

Изложбата ќе биде отворена до 5-ти декември.