Со магија и огромна благодарност го отворивме ,,Калеидоскопот" на Кондовски. Синоќа во Музејот на Македонија, уметноста го сретна детството. Беше вистинска чест да се види толку многу публика обединета во восхит кон генијот на Димитар Кондовски. Овој проект не е само враќање кон минатото туку современ дијалог со делото на овој наш великан. За таа магија да оживее во својот полн сјај, сакаме да упатиме голема благодарност до: авторите за нивната визија и истрајност - Горан Павловски Јасминка Намичева Филип Кондовски техничкиот тим на професионалци кои се погрижија секој детал во просторот да биде беспрекорен - Михаило Апостолов Татјана Канчевска Смичковска Леон Џинго Јана Младенова Благоја Тасевски Анета Попантовска Борјан Пешевски Магдалена Аврамовска Златко Ѓорѓиев Ивона Бошевска Владимир Благоевиќ Евелина Бошевска-Станчевска Владимир Марковски Илина Кацхинске Горан Костадинов Иванчо Велков Весна Јанковска Дамјан Саздовски Ана Димчевска Семенпеева Пано Серафимов Дејан Ристовски за поетското обраќање- г-ѓа Марија Кондовска 3Д аниматорите кои преку својата креативност и технологија му дадоа нова димензија на ,,Калеидоскопот" претворајќи го статичното во живо и опипливо искуство - Александар Стојановски Бојана Соломонова - Вишемирски Изложбата е реализирана како дел од годишната програма на Музејот за 2025 година поддржана од Министерството за култура и туризам. Ви благодариме на сите што бевте дел од ова чествување. Доколку не успеавте да стигнете на отворањето, ве очекуваме во деновите што следат да ја пронајдете вашата сопствена бајка низ линиите и боите на Кондовски. Изложбата е официјално отворена.