На 16.12, 17.12 и 18.12.2024 година се одржаа завршните презентации од едукативниот проект „Коледе – Бадник“, реализирани во соработка со учениците од IIа, IIб и IIв одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“. На презентациите учениците ги раскажуваа работилниците преку нивните изработени дела.
Голема благодарност до учениците, наставниот и стручниот кадар на ООУ „Браќа Миладиновци“ за успешната соработка и за тоа што со години се наша редовна музејска публика.