КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ – СОЗДАВАЈТЕ СО СВОИТЕ РАЦЕ!
Ве покануваме на креативна работилница за моделирање глина во Едукативниот центар при Музејот на Македонија, специјално наменета за пензионери кои сакаат да останат активни, креативни и во добро друштво!
Кога работиме и обликуваме со рацете, се активираат умот, сетилата и творечката енергија. Допирот со глината нè поврзува со нашата креативност, ги претвора идеите во форма и ни овозможува да создадеме нешто уникатно – со сопствени раце.
Термин: секој вторник од 9:30 часот
Можете да се пријавите на нашите социјални мрежи или јавете ни се на 071 837 046.
Бројот на места е ограничен на 15 учесници.
Ве очекуваме на едно поинакво, креативно и инспиративно дружење!