Музеј на Македонија Logo

Креативна работилница за пензионери

Креативна работилница за пензионери

Денес во Центарот за едукација во Музејот на Македонија се одржа креативна работилница за пензионери. Преку разговор и креативно изразување, учесниците ги обликуваа своите спомени со моделирање на глина оставајќи личен белег.

Ве очекуваме секој вторник од 10 часот во нашиот Едукативен центар, бројот на места е ограничен на 15 учесници.

Пријавете се на следниот број или на нашите социјални мрежи.

Резервации: 071 837 046

Музејот чува спомени и повторно ги оживува преку сечиј впечаток.