Музеј на Македонија Logo

Креативност и дружење во Музејот на Македонија

Креативност и дружење во Музејот на Македонија

Вторник, ден кој инспирира!

Во Едукативниот центар на Музејот на Македонија, глината добива форма, колажите раскажуваат приказни, а доброто расположение е главен гостин.

Нашите учесници преку љуботитност и креативност ја изразуваат безвремената желбата да се создава. Со смеа, разговори и нови идеи имавме уште едно убаво утро исполнето со уметност и позитивна енергија. 

Бидете дел од ова креативно друштво, ве очекуваме следниот вторник во 10:00 часот.

Пријавување: 071 837 046 (во текот на неделата до 15 часот, или со порака)

Ограничен број на учесници од термин (15 лица)