Музеј на Македонија Logo

Крсте Петков Мисирков

Крсте Петков Мисирков

Не денешен ден (26 јули 1926 година), во Софија, починал Крсте Петков Мисирков (1874–1926) – филолог, публицист, историчар и еден од најзначајните македонски национални дејци.

Неговото капитално дело „За македонцките работи“, објавено во 1903 година, претставува првата научно заснована програма за кодификација на македонскиот литературен јазик врз основа на централните македонски говори. но и етнографските и културните прашања на Македонија, што ја прави едно од најзначајните дела за проучување на македонскиот национален и културен развој. Мисирков сметал дека јазикот е најсилниот темел на националниот идентитет, истовремено истакнувајќи ја важноста на просветата и културата за развојот на македонската национална свест. Иако е најпознат како кодификатор на македонскиот литературен јазик, Мисирков има и значајно место во етнологијата и етнографијата бидејќи бил етнограф и фолклорист кој ја проучувал традиционалната култура, обичаите и народното творештво на Македонија и Македонците. Учествувал во етнографските истражувања на Руската академија на науките, при што собирал податоци за населението, јазикот и културата на Македонија.Тој во своите дела ги анализирал етничките, културните и историските особености на македонскиот народ. Во делото ,,За македонцките работи’’ ги обработува не само јазичните,туку и етнографските и културните прашања на Македонија,што ја прави едно од најзначајните дела за проучување на македонскиот национален и културен развој.Го основал списанието „Вардар“, едно од првите списанија печатени на современ македонски литературен јазик, преку кое ги промовирал своите јазични, културни и национални идеи. Покрај филологијата, дал значаен придонес и во проучувањето на историјата, етнографијата и фолклорот на Македонија. Токму неговите ставови подоцна станале еден од темелите на кои се засновала кодификацијата на современиот македонски литературен јазик во 1945 година. Мисирков се смета за основоположник на современата македонска јазична и национална мисла, а неговото дело претставува трајна вредност за македонската култура, наука и духовна историја. Во Музејот на Македонија се чуваат дел од личните предмети на Мисирков.

See less