Ве покануваме на промоција на зборник!
Оваа година поттикнати од 80-годишнината од основањето на АФЖ во Македонија, тимот на ЦИНИК повторно работеа на зборник научни текстови со наслов „Македонка - Орган на АФЖ (1944-1952), артикулации на сеќавања и критички прикази“, чија промоција ќе се случува во Музеј на Република Северна Македонија оваа сабота од 19 часот.
Автори на научните текстови се: Ана Колариќ (вонреден професор на Катедрата за компаративна книжевност и теорија на книжевноста, Филолошки факултет на Универзитетот во Белград), Петар Тодоров Petar Todorov (историчар, доктор на науки при Институтот за национална историја во Скопје), Ана Ашталковска Гајтаноска (редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, на УКИМ), Славчо Димитров Slavco Dimitrov (истражувач, теоретичар, активист и куратор на Скопскиот Викенд на гордоста) , Христина Иваноска (уметница) и Елени Новаковска (библиотекар-советник во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ -Скопје).
Уредничка на публикацијата е Јана Коцевска Virginia Fox . Промотор на настанот е Ана Василева Ana Vasileva
Проектот Архиви на невидливите 3.0 е реализиран до поддршка од Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo и Министерство за култура / Ministria e Kulturës
Оние што ќе дојдат на промоцијата ќе добијат бесплатен примерок од зборникот!
Дизајнот на книгата е на Koma - design studio