По повод „Меѓународниот ден за борба против ракот“, се роди идејата да реализираме работилници во кои што членовите на здружението „Хема - Онко“ - Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели, ќе имаат можност да ја изразат својата креативност. Денес после посетата на етнолошката поставка на музејот, ја реализиравме работилницата „Арт терапи“, со членовите на групата „Пеперутки“. Секој од посетителите си одбра глинен сад, кој што го обоија со традиционални мотиви.
Голема благодарност до здружението „Хема - Онко“ за успешната соработка, која ќе продолжи и во иднина.