Почитувани, со задоволство Ве известуваме оваа година Музеј на Р. С. Македонија ќе биде дел од Меѓународниот фестивал на антрополошкиот филм NAFA 2024, (Nordic Anthropological Film Association), што ќе се одржи од од 4 до 7 септември во местото Кабелваг, Норвешка. Д-р Владимир Боцев е поканет од програмата за визуелна антропологија при Арктичкиот Норвешки Универзитет од Тромсо, Норвешка, да го презентира Музејот преку предавањето на тема: Етнолошките документарни филмови во Музејот на Македонија, истражувачки методи и употреба на камерата во создавањето на етнографските филмови. Ова е извонредна можност пред студентите и пошироката норвешка јавност да се покаже една значајна активност на Музејот, но пред се да се покаже дел од живата и уникатна традиционална култура на Македонците. NAFA е еден од најстарите фестивали на етнолошкиот филм, а овогодишното издание е 43 по ред.