Денес по повод „Меѓународниот ден на белиот стап“, во просториите на Музеј на РС Македонија се одржа едукативна работилница „Допри ме и дознај ја мојата приказна“. Во оваа работилница активно учество земаа учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“. Преку допир и легенди на Брајово писмо, учениците се запознаа со глинени садови и ја дознаа нивната функција. Потоа учениците беа поделени во три групи, односно три работилници. Во првата работилница учениците моделираа садови од глина, во втората работилница боеа готови глинени садови и во третата работилница боеа боенки со мотиви од глинени садови. На крај учениците добија благодарници за активно учество во работилницата.
Ни претставуваше голема чест и задоволство, овој ден да го споделиме со учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“. Голема благодарност до нив и нивниот наставен кадар.