Денес, 18 мај 2024, во Музеј на Р. С. Македонија ќе се одбележи меѓународниот ден на музеите, под мотото ,,Музеи за едукација и истражување”. По тој повод посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат постојаната етнолошка поставка, постојаната историска поставка ,,Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949” како и привремените изложби ,,Македонија низ магијата на фотобјективот” и изложбата на фотографии на Ристо Костовски насловена ,,Поинаку”.
Влезот во изложбените објекти ќе биде бесплатен од 9 до15 часот.