Синоќа, во нашиот галериски простор се отвори одлична изложба на мексикански народни носии, кои во следните месец дена ќе можете да ги погледнете.
Изложбата ја отворија директорот Александар Ристевски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, почесниот конзул на Мексико во Македонија, Албан Малиќи, и в.д. амбасадорката на Максико во Белград, Флор Делиз Васкез Муњоз.
Изложба реализирана во соработка со почесниот конзул на Мексико во Македонија и амбасадата на Мексико во Белград.
Благодарност за соработката на в.д. амбасадорката Флор Делиз Васкез Муњоз на Мексико во Белград, со тимот на почесниот конзул на Мексико во Македонија, г-дин Малиќи и претставникот на Малиќи Гроуп, г-нот Душан Марковиќ.
На отварањето со свое присуство не почестија меќу другите и владините претставници, министрите г-нот Тимчо Муџунски и г-нот Беким Сали, градоначалникот на Чаир, г-нот Изет Меџити, како и претставниците на странските амбасади, јавни личности и универзитетски професори.
Голема благодарност до Јавниот сервис МТВ за поддршката и покриеноста на настанот.
Кураторот на изложбата е кустос етнолог Наде Костадиновска-Спасеновска, која е заслужна на реализацијата на овој проект, како и тимот од вработените во Музеј на Македонија.
Посетете го Музејот на Македонија, нашите специјализирани продавници во Музејот, во Порта Македонија и во Етно музејот во Македонското село и поддржете ја работата на Музејот.
Работиме од вторник до недела, влезницата за изложбата чини 100 денари.
Изложбата ќе трае еден месец, заклучно со 1 ноември.