Музеј на Македонија Logo

Меморандум за соработка

Меморандум за соработка

Денес во Собранието на РС Македонија беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Собранието, Националната установа Музеј на РС Македонија и Националната установа Музеј на современа уметност. Преку оваа соработка ќе се обезбеди зачувување на целокупниот материјал во Собранието кој несомнено има историско, уметничко и етнолошко значење, негова стручна обработка, конзервација и евидентирање со цел заштита, афирмација и негова презентација. Подготвени сме за ефикасна соработка која ќе донесе размена на искуства и споделување на ресурси, со цел да се обезбеди зачувување на целокупниот материјал во Собранието кој несомнено има големо историско, уметничко и етнолошко значење.

Нашата соработка во иднина ќе биде основа за поинтензивна размена на идеи за заеднички проекти и иницијативи кои ќе придонесат за збогатување на нашето

културно наследство, негова заштита и соодветна презентација.