Музеј на Македонија Logo

Мијачијата – културна, уметничка и духовна реликвија

Мијачијата – културна, уметничка и духовна реликвија

Во рамките на Европските денови на културното наследство во Музеј на Република Северна Македонија на 27.09.2024 год. беше отворена изложбата ,,Мијачијата – културна, уметничка и духовна реликвија” чиј автор е Горан Павловски.
Преку изложбените резби и делови од народни носии може да се долови богатото творештво на Мијаците. ,,Понекогаш тука ноќното небо наликува на иконостас, на резбана таваница длабена во телото на столетен орев или на мурал од фрески во смирено модра боја. Ѕвездите тука се на дофат и чиниш се невестински вез извезен од раката на Мајката Божја. Ветровите тука носат пискот од зурли, следејќи го двигот на месечината која како распукан тапан се лулее во ритамот на прапочетното космичко оро...”

Изложбата ќе биде отворена за посета до средина на месец Ноември.