Две години од смртта на еден од најреномираните автори и урбанисти во Македонија.
Мимоза Несторова - Томиќ (Струга, 21 јуни 1929 - Скопје, 24 мај 2024).
Како архитект, планер и урбанист,покрај Кензо Танге, имала значајна улога во изработка на главниот мастер план за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година.
Во периодот меѓу 1986 и 1989 година, Мимоза Томиќ беше главен архитект на градот Скопје.
Како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура работела на Деталниот урбанистички план за Старата скопска чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и Чифте амам; авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски) и на реконструкција на ентериерот на Универзалната сала. Добитник е на наградата „13 Ноември“ за проектот на Музејот на Македонија (1973) и наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Мимоза Несторова Томиќ, заедно со Кирил Муратовски се авторите на објектот на Музејот на Македонија, кој е пуштен во употреба во 1976 година, пред точно 50 години.