Во тек е новото издание на „Млади европски креатори на културно наследство“, на Европските денови на културното наследство. Оваа креативна активност има за цел да ги поттикне младите луѓе да се ангажираат активно во промовирањето на нивното локално културно и историско наследство, преку изработка на видео, фотографии, цртежи, постери, како и со реализација на други проекти. Во тие рамки, право на учество имаат деца и младинци родени во периодот помеѓу 2007 и 2018 година. Во селекцијата за наградите ќе бидат земени предвид само групни креации, создадени под водство на координатор. Селкцијата ќе се врши во две старосни категории: деца од 6-11 години и млади луѓе од 11-17 години. За групата од 6-11 години, нема ограничување за бројот на учесници. Во категоријата од 11-17 години, групата треба да се состои од 2-5 учесници, за да биде квалификувана за евалуација на европско рамниште.
На национално ниво, активностите можат да се реализираат во периодот од 1 септември до 27 декември 2024 година. Потоа ќе следи период на селекција на најдобрите творби, а информација за групите наградени на европско ниво ќе биде објавена на почетокот на мај 2025 година.
Се надеваме дека младите луѓе ќе најдат инспирација за својата европска приказна во нашето богато материјално и нематеријално културно наследство, во природните богатства, како и во рамките на дигиталното наследство, како дел од заедничкото, европско наследство.
Улога на координаторите: Координаторите ќе имаат улога во насочувањето на младите учесници, при што ќе се погрижат активностите да бидат безбедни и инспиративни. Исто така, координаторите треба да бидат запознаени со политиките за заштита на децата, вклучително и со Римската стратегија (2022-2027) и Стратегијата на ЕУ за права на децата.
Значајни датуми:
1 септември – 27 декември 2024: Период за организирање на активности и поднесување на креациите
31 јануари 2025: краен рок за национална евалуација и селекција на наградените творби на национално ниво
Февруари 2025: Евалуација на европско ниво
Март 2025 Објавување на наградените креации на европско ниво
Мај 2025: Изложба во Стразбур и посета на овој град за наградените од категоријата од 11-17 години
Линковите за објавата на социјалните мрежи се: Instagram и Facebook . Примери на креации и проекти наградени во претходните години ќе може да се погледнат на Empowering Young Minds: The Young European Heritage Makers Selected YEHM Guidelines 2024 / Насоки за млади креатори 2024