Музејот се заблагодарува за поддршката и ги повикува сите добронамерници да го посетат, да ги погледнат изложбите, трајната поставка но и нашата специјализирана продавница, како и етно селото и нашиот етно музеј, продавницата во Порта Македонија, и да ја следат нашата работа, и изненадувањата кои следат.
Ќе најдеме начин како можете да го помогнете самиот Музеј, а засега тоа може да го направите со тоа што ќе го посетите истиот, платите билет и купите нешто од нашите продавници.
Секако. Потребна ни е и вашата медиумска поддршка.
Работиме од вторник до недела, од 9 до 17 часот. Ве очекуваме