Музеј на Македонија Logo

Музејот како простор за творештво и инспирација

Музејот како простор за творештво и инспирација

Музејот како простор за творештво и инспирација. 

Денес во Едукативниот центар во Музејот на Македонија во соработка со Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвениот крст на град Скопје, се одржа уште една работилница за моделирање со глина.

Нашите учесници ја покажаа својата креативност преку кротко и трпеливо обликување на глината, претворајќи ги своите идеи во вистински мали уметнички дела.

Ваквите средби нè потсетуваат колку е важна личната вклученост во создавањето на уметност која е медиум за поврзување и зачувување на духот низ процесот на созревање низ годините.

Доколку сакате да бидете дел од следната работилница, ве очекуваме да се пријавите на телефонскиот број: 071 837 046, во коментар или преку директна порака на нашите социјални мрежи.

Бројот на учесници е ограничен на 15 места, затоа резервирајте си место навреме!