ОЖИВЕЈТЕ ГИ СВОИТЕ СПОМЕНИ ПРЕКУ ГЛИНА!
Ве покануваме на креативна работилница со глина наменета за пензионери, каде што секој може слободно да ја изрази својата креативност, да моделира предмети по сопствена желба, да ги обликува своите идеи и да создаде уникатни дела инспирирани од личните спомени, чувства и желби.
Зошто глина?
Работата со глина не е само креативна активност, туку и прекрасна вежба за телото и умот. Обликувањето и моделирањето на глина ја поттикнуваат фината моторика, координацијата на рацете и прстите како и чувството за допир. Истовремено, креативниот процес го активира мозокот, ја поттикнува концентрацијата, имагинацијата и меморијата, а придонесува и чувство на смиреност, задоволство и емоционална исполнетост.
Ве очекуваме секој вторник од 10 часот во Едукативниот центар во Музеј на Македонија!
Бројот на места е ограничен на 15 учесници.
Резервации: 071 837 046
Не е потребно претходно искуство доволна е желбата за создавање која одново буди радост!