Денес во Етнолошката поставка на Музејот, учениците од активот на 4то одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“ ја играа музејската игра „Мистериозен музеј“.
Мистериозен музеј е мал илустриран водич, кој ве води низ осум простории на Етнолошката поставка во Музејот на РС Македонија. Со расклопување на водичот, тој ќе ве води постепено низ поставката и ќе ви овозможи преку зборови и слики да се запознаете со основноте податоци за темите од изложбениот простор. Разгледувајте ги изложените предмети и прочитајте за нив, за на тој начин да го најдете одговорот.
Проектот е дел од годишната програма на музејот за 2025 година и е финансиски подржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.
Заинтересираните посетители за да ја играат играта може да се пријават на следната електронска адреса: centarzaedukacija.muzejmk@gmail.com, музејската игра ќе трае до 30.10.2025 година.