Музеј на Македонија Logo

На Срем

На Срем

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, 9 мај, Музејот на Република Северна Македонија го одбележува со промоција на изложбатаНа Срем“, посветена на борците од Македонија кои учествуваа во завршните операции за победа над фашизмот. На над 120 фотографии, селектирани од богатата фото документација зачувана во Музејот, низ слика и текст, изложбата го следи борбениот пат на македонските единици, офицери и борци и нивните премрежја на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија и за победа над фашизмот, во последните месеци од Втората светска војна. На тој начин, уште еднаш, се навраќаме на споменот на овие настани и се истакнува придонесот на нивните учесници во крајот на војната како значаен македонски придонес во заедничката ослободителна и антифашистичка борба.

Изложбата првенствено може да ја видите во дигитална форма на нашата нова електронска платформа изложба.мк  Денешниот датум воедно претставува и убав повод за презентација на оваа нова дигитална алатка, преку која посетителите ќе можат да ги следат нашите тековни и идни изложби.

Истовремено, во музејот се одвиваат и последните подготовки на изложбата која од 18 мај ќе биде отворена за посетители.