Музеј на Македонија Logo

Новогодишни украси со етно мотиви

Новогодишни украси со етно мотиви

Во Центарот за музејска едукација при Музеј на Република Северна Македонија на 24.12 и 25.12.2024 година се реализираа работилници на тема „Новогодишни украси со етно мотиви“, со ученици од трето одделение ООУ „Блаже Конески “ и ученици од дневниот едукативен центар „Никона “.
Учесниците изработуваа новогодишни укрaси, лампиони, честитки со етнолошки мотиви – орнаменти, инспирирани од нашите народни носии, везови и ќилими.
На крајот од работилницата учениците ги запишуваа своите новогодишни желби.