Музеј на Македонија Logo

„Од жито до леб“ – успешно го заокруживме нашето едукативно патување

„Од жито до леб“ – успешно го заокруживме нашето едукативно патување

Денес, во Центарот за едукација при Музејот на Македонија, се одржа завршната презентација на проектот „Од жито до леб“, реализиран со децата од групата „Лино“ при ЈУОДГ „Мајски цвет“.

На завршната средба беа изложени сите изработки создадени во текот на проектот, преку кои децата со радост и љубопитност раскажуваа за она што го научија во музејот. Од запознавањето со житото и неговото одгледување, преку добивањето брашно, па сè до месењето и печењето леб, децата го претставија целиот пат на житото до лебот. Преку ова едукативно патување, децата стекнаа нови знаења за традиционалниот начин на подготовка на лебот, а преку практичните активности имаа можност да учат, истражуваат и да создаваат.

Благодарност до децата од групата „Лино“, нивните воспитувачи и до ЈУОДГ „Мајски цвет“ за прекрасното дружење, љубопитноста и заедничките моменти исполнети со учење и креативност!