Музеј на Македонија Logo

Од жито до леб

Од жито до леб

Од жито до леб – од учење до практично искуство!

Денес, во рамките на проектот „Од жито до леб“, децата од групата „Лино“ при ЈУОДГ „Мајски цвет“ имаа можност да се вклучат во подготовката на еден од најзначајните производи во традиционалната исхрана – лебот. Заедно со едукаторите, со многу љубопитност и радост, ги засукавме ракавите и замесивме три различни видови леб: сомун, векна и празнична погача. Преку непосредно учество во процесот на месење, децата ги применија досегашните знаења и имаа можност да ги запознаат традиционалните начини на подготовка на лебот.

Учењето продолжува низ дружење, истражување и создавање