Директорот на Музеј на Македонија, Александар Ристевски, вчера присуствуваше на свеченото отворање на изложбата посветена на одбележувањето на 15 години од основањето на Музејот на македонската борба за самостојност.
Во рамки на оваа значајна јубилејна свеченост, директорката на Музејот, Анче Илиевска, врачи Благодарница на Музејот на Македонија за континуираната поддршка, соработка и помош во реализацијата на нивните активности.
Ова признание е само потврда за институционалната меѓусебна врска меѓу оние кои се заштитници на македонската историја и културно наследство.
На Музејот на македонската борба за самостојност му го честитаме значајниот јубилеј, со желби за бројни успешни проекти и заеднички соработки!