Врз основа на член 77-ж од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13 и 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и „Службен весник на РС Македонија“ бр. 265/24 и 132/25), член 9 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен огласот од НУ Музеј на РС Македонија бр.01-654/2 од 19.10.2024 година, Правилникот за систематизација на работни места во НУ Музеј на РС Македонија и член 13 став 2 алинеја 7 од Статутот на НУ Музеј на РС Македонија Скопје бр.02-212/2 од 13.03.2019 година, бр.02-168/10 од 31.03.2022 година и бр.02-29/6 од 28.01.2026 година, а во врска со јавниот оглас за вработување на едно лице на неопределено време бр.01/2026 објавен на 25.06.2026 година и Предлогот на кандидат за вработување, директорот на НУ Музеј на РС Македонија Скопје, ја донесе следната:
ОДЛУКА за избор на едно лице, давател на услуга по објавен оглас бр.01/2026
1. Врз основа на објавен јавен оглас 01/2026 од страна на НУ Музеј на РС Македонија Скопје, за вработување на 1 (едно) лице, давател на услуги на неопределено време, на работно место со со шифра КУЛ 03 04 Д03 002, со назив Кустос за дрвени, покуќински предмети, дрводелски занаети и алати во Одделението за етнологија во НУ Музеј на РС Македонија Скопје, се избира:
Игор Сандев.
2. По конечноста на оваа одлука, директорот на НУ Музеј на РС Македонија Скопје ќе донесе решение за вработување на избраниот кандидат и ќе склучи договор за вработување.
3. Одлуката за избор се доставува до сите кандидати и се објавува на огласната табла и на интернет (веб) страницата на НУ Музеј на РС Македонија Скопје.
4. Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
Образложение
Во согласност со Измената на Годишниот план за вработувања за 2026 година бр.03-105/1 од 03.02.2026 година и Согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии број 19-4519/2 од 10.06.2026 година, НУ Музеј на РС Македонија Скопје донесе одлука бр.02-481/1 од 16.06.2026 година за објава на јавен оглас за вработување на неопределено време на едно лице на работно место Кустос за дрвени, покуќински предмети, дрводелски занаети и алати во Одделението за етнологија во НУ Музеј на РС Македонија Скопје, даватели на услуги.
Јавниот оглас бр.01/2026 за засновање на работен однос на неопределено време за 1 (едно) лице за работното место Кустос за дрвени, покуќински предмети, дрводелски занаети и алати во Одделението за етнологија во НУ Музеј на РС Македонија, беше објавен на ден 25.06.2026 година во дневните печатени изданија на весниците „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха“ и на интернет (веб) страницата на Музејот, кој траеше 15 (петнаесет) дена од денот на неговото објавување.
Постапката за избор на пријавените кандидати беше спроведена од страна на Комисија за спроведување на постапка за вработување, номинирана од Министерството за култура и туризам на РС Македонија, а формирана со решение од НУ Музеј на РС Македонија бр.04-481/5 од 16.07.2026 година.
Комисијата за спроведување на постапката за вработување, на ден 16.07.2026 година, ја спроведе првата фаза од постапката, односно изврши административна селекција на сите пристигнати пријави по јавниот оглас број 01/2026 година, за што состави Записник од извршена административна селекција бр.03-481/6 од 16.07.2026 година и го достави до директорот на НУ Музеј на РС Македонија Скопје.
Втората фаза од постапката за вработување, интервју со избраните кандидати од првата фаза, се одржа на ден 17.07.2026 година. Записникот за спроведено интервју бр.03-481/8 од 17.07.2026 година, беше доставен до директорот на НУ Музеј на РС Македонија Скопје.
Согласно, записниците од административната селекција и спроведено интервју, Комисијата за спроведување на постапката за вработување до директорот на Музејот, достави предлог на кандидат за вработување бр.03-481/9 од 17.07.2026 година со конечна ранг листа на кандидати со освоени бодови од сите фази на селекцијата, по Јавен оглас бр.01/2026, со која му предложи за работното место со назив Кустос за дрвени, покуќински предмети, дрводелски занаети и алати, да биде избран кандидатот Игор Сандев.
Врз основа на се погоренаведенотo, директорот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
Правна поука: Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Управниот одбор на НУ Музеј на РС Македонија Скопје, во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на одлуката.
НУ Музеј на РС Македонија Скопје директор Александар Ристевски Изработил: М.Глигуроска