Врз основа на член 77-е став 5 и член 77-ж став 1 од Законот за култура (Сл.весник на РМ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18) член 20-д став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) член 21 и член 23 став 4 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/1572/15, 129/15, 27/16, 120/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23) член 9 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен огласот од НУ Музеј на РС Македонија бр. 01-654/2 од 19.10.2024 година, Правилникот за систематизација на работните места во НУ Музеј на Република Северна Македонија, член 13 став 2 алинеја 7 од Статутот на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје бр.01-920/1 од 24.09.2015 година, бр.02-104/4 од 26.02.2018 година, бр.02-212/2 од 13.03.2019 година и бр.02-168/10 од 31.03.2022 година, во врска со јавниот оглас за вработување на едно лице на неопределено време бр. 03/2024 објавен на 19.10.2024 година за работното место Виш конзерватор техничар на керамика , в.д. директорот на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје ја донесе следната:
ОДЛУКА за избор на едно лице, давател на јавна услуга по објавен оглас бр. 03/2024
1. Се избира Јован Наумоски од Скопје да заснова работен однос на неопределено време на работно место Виш конзерватор техничар на керамика во Централна конзерваторска лабораторија во НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје, давател на јавна услуга, на работно место со шифра КУЛ0304Ѓ01002.
2. По конечноста на оваа одлука, в.д. директорот на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје ќе донесе решение за вработување на избраниот кандидат и ќе се склучи договор за вработување.
3. Одлуката за избор се доставува до сите кандидати и се објавува на огласната табла и на интернет (веб) страницата на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје.
4. Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
Образложение
Во согласност со Годишниот план за вработувања за 2024 година бр.03-49/1 од 17.01.2024 година и по претходно обезбедена Согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии број 19-10256/2 од ден 14.10.2024 година, НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје донесе одлука бр.02-660/1 од 18.10.2024 година за објава на јавен оглас бр. 03/2024 за вработување на неопределено време на едно лице на работно место Виш конзерватор техничар на керамика, давател на јавна услуга во НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје. По објавениот јавен оглас за засновање на работен однос на неопределено време за 1 (едно) лице на работно место Виш конзерватор техничар на керамика во Централна конзерваторска лабораторија во НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје број 03-660/2 од 18.10.2024 година, распишан од страна на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје и објавен на ден 19.10.2024 година во дневното печатено издание на весниците „Слободен печат“, „Вечер“ и „Коха“ и на интернет (веб) страната на Музејот, спроведен е избор од пријавените кандидати на јавниот оглас од Комисија за спроведување на постапка за вработување, определена од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија со бр. 31-9318/2 од 28.10.2024 година. Изборот меѓу пријавените кандидати по јавниот оглас 03/2024 за засновање на работен однос на неопределено време за 1 (едно) лице на работно место Виш конзерватор техничар на керамика во Централна конзерваторска лабораторија во НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје е направен врз основа на работењето на Комисијата за спроведување на постапката за вработување земајќи ја во предвид приложената документација на пријавените кандидати за која Комисијата за спроведување на постапката за вработување утврди дека е доставена на време и начин предвиден во објавениот јавниот оглас и согласно утврденото и констатираното во Записникот од извршената административна селекција со бр.03-660/5 од 08.11.2024 година кој содржи листа на уредни кандидати кој ја поминале административната селекција и Записникот од спроведена проверка на веродостојност на докази и спроведено интервју со бр. 03-660/7 од 14.11.2024 година со прилог конечна ранг листа на кандидати со кои е спроведено интервјуто и достави предлог кандидат со кој в.д. директорот на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје врз основа на се погоре наведено, донесе одлука како во диспозитивот. Правна поука: Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Управниот одбор на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје, во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на одлуката.
Да се достави до: - Архива - Именуваниот - Кандидатите - Огласна табла - Интернет (веб) страница Одлука за избор