Врз основа на член 20 – д од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) и јавен оглас за вработување број 2/2024г, в.д директорот на НУ Музеј на Република Северна Македонија донесе
О Д Л У К А
за невршење избор по јавен оглас за вработување во
НУ Музеј на Република Северна Македонија
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Врз основа на добиена согласност од Министерството за финансии број 19-1635/2 од 24.01.2024 година и Одлуката за објавување јавен оглас број 02/24 од 25.01.2024 година, НУ Музеј на Република Северна Македонија на 27.01.2024 година на својата службена интернет страна и во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“ и „Коха“ објави јавен оглас за вработување на неопределено време на (1) еден извршител за работното место со шифра КУЛ 04 01 А01 008 и назив Ракувач во депо.
Согласно одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор за спроведување на постапка за вработување по јавен оглас, в.д директорот на Музејот, од редот на вработените, со Одлука број 04-75/1 од 02.02.2024 формира Комисија за селекција со обврска да ја провери вердоостојноста на поднесените документи, да изготви ранг листа од пријавените кандидати и да ја достави на в.д директорот.
На јавниот оглас за вработување во утврдениот рок пријави поднесоа двајца кандидати. Комисијата за селекција на ден 07.02.2024 година изврши проверка во поднесените пријави и доставената документација. Од увидот во поднесената документација Комисијата утврди дека и двајцата кандидати не го исполнуваат посебниот услов од јавниот оглас кој се однесува на видот на средното образование. Имено, за работното место со со шифра КУЛ 04 01 А01 008 и назив Ракувач во депо согласно Правилникот за систематизација на работните места во НУ Музеј на РСМ, како посебен услов во делот вид на образование предвидено е средно гимназиско или средно стручно образование од економска струка, а ниту еден од пријавените кандидати нема завршено средно образование од бараниот профил.
Врз основа на Записникот на Комисијата за селекција број 03-62/3 од 07.02.2024 година, в.д директорот на НУ Музеј на Република Северна Македонија донесе Одлука за невршење избор по јавниот оглас за вработување брј 02/2024.
Правна поука: Незадоволниот кандидат има право на приговор до Управниот одбор на НУ Музеј на Република Северна Македонија, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на огласната табла на Музејот.
07.02.2024 НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје в. д директор
Илија Цурев