Музеј на Македонија Logo

Отворање на изложбата „Кузман Јосифоски - Питу - живот во слики“

Отворање на изложбата „Кузман Јосифоски - Питу - живот во слики“

Почитувани,
 
Ве покануваме, во вторник, 07 октомври 2025 година, во 19.00 часот, во изложбените простории на Музејот на РС Македонија - Скопје, на отворањето на изложбата „Кузман Јосифоски - Питу - живот во слики“.

Изложбата е дел од проектот „Кузман Јосифоски - Питу - животна приказна“, посветен на животниот пат на револуционерот и народен херој, Кузман Јосифоски. Истата, се реализира во рамките на годишната програма за работа на Музејот, со финансиска
поддршка од Министерството за култура и туризам. Носител на проектот, воедно и автор на изложбата е м-р Здравко Стојкоски, кустос - историчар во Музејот.

Изложбата ќе ја отвори историчарот, кустос - советник во НУ Завод и Музеј - Прилеп,
Рубинчо Белчески.

Ве очекуваме!