Почитувани, ве покануваме на отворањето на изложбата „Социјалистичко - општествени сведоштва“, на 27.11.2025 (четврток) во 11 часот во Музејот на Р.С. Македонија. Автор на изложбата е Боро Бунтески. Таа претставува живописен историски наратив, кој се фокусира на презентирање на музејски предмети преку кои визуелно се прикажува целокупната слика за општествениот, политичкиот, економскиот и културниот живот на Македонија во рамките на југословенската федерација во периодот од конституирање на НР Македонија непосредно после Втората светска војна во 1945 година , па се до нејзино осамостојување во 1991 година.