Утре, во 13:30 часот, во Музеј на РС Македонија ќе се отвори самостојна изложба на слики на Горан Стојчетовиќ - „Сублимации“.
Горан Стојчетовиќ (1975) е уметник и сценограф кој, и покрај академското образование, својот уметнички израз го пронашол во арт брутот. Во 2024 година го дефинира својот концепт како длабинска уметност, и го основа неформалниот Центар за длабинска уметност. Тој е основач и претседател на здружението Art Brut Serbia (2014–2024) и автор на техниката длабински цртеж, која ја применува редовно со пациенти од ВМА во Белград, но и поширока публика во Србија, регионот и Европа. Неговите дела се изложувани во Париз, Загреб, Нови Сад, Тарту, Белград, и се дел од значајни музеи и приватни колекции. Добитник е на неколку награди, меѓу кои и „Јоаким Вујиќ“ за сценографија. Вработен е како сценограф во Народното позориште Приштина, со седиште во Грачаница.