Музеј на Македонија Logo

Отворање на Спомен соба на Вера Кличкова

Отворање на Спомен соба на Вера Кличкова

Вчера во Музејот на РС Македонија се прикажа биографски филм и се отвори Спомен соба на Вера Кличкова, основачот на Етнолошкиот музеј и доајенот на визуелната етнологија во Македонија. Во собата се презентирани реставрирани оргинални предмети, документи и лични предмети, како и мебелот од канцеларијата во која Кличкова работела како директорскоро три дцецении. Во биографскиот филм се прикажаа значењето и достигнувањата на Вера Кличкова во етнологијата, музеологијата и создавањето на етнолошките филмови за кои зборуваат нејзини современици и колеги, за нејзината целосната посветеност и љубовта кон професијата, како и значајна улога во целокупниот општествен живот во Македонија. Настанот имаше голема посетеност и публиката покажа инзвонреден интерес за ликот и делото на Вера Кличкова.

Автори се Јован Шурбаноски и Елизабета Конеска, а промотор беше Владимир Ангелов, виш филмолог во Кинотеката на РС Македонија.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам, како дел од годишната програма.

Повеќе фотографии од отворањето можете да погледнете на https://www.facebook.com/share/p/1AGpE5mFxQ/