Музеј на Македонија Logo

Отворена поетска вечер Тема:Не!

Отворена поетска вечер Тема:Не!

Веднаш после јавната дебата „Елитизам во уметноста“ продолжуваме со неелитистичка поетска вечер по принципот на „отворен микрофон“. 

Досега пријавени учесници:

  • Ива Дамјановски, од Скопје, добитник на „Игор Исаковски“ награда. Со јасен и пресметан стих, устроен кон општеството.
  • Мануела Златкова, несоница од Струмица, електронски објавена поетеса. Интимен и алегоричен стих.
  • Андреј Ал-асади, везденец од Мичурин, објавен од ПНВ публ., наскоро познат во левичарските кругови. Не ја сака америка. Мистичен и психоделичен стих.
  • Диме Данов, бард, без објавена збирка песни. Од Неготино. Мрачен и битнички стих.
  • Вања Таневски, со две објавени збирки, со потекло од две места. Обскурен и сентиментален стих.
  • Ангелчо Трендов, од Кочани, пишува проза и поезија, со меланхоличен тон и пристап до мрачната страна, допир длабоко до сивата зона и црнилото на нашето гнило општество.
  • Цветанка Ефтимова од Скопје, без објавена збирка песни, нуркач кој ја обожава уметноста, слободен и храбар стих.
  • Лиле Јовановска, позитивен животољуб од населбата на божицата на смртта. Премногу анархист за да публикува збирка. Неограничен стих.
  • Елена Костовска, автор на десет стихозбирки а за неколку дена завршува средно. Стихот е луциден и слободен.
  • Blair Bourassa - an award winning Canadian writer of short stories, poetry, and travel stories, who lives and works in the USA. Published in Canada, America and Europe. 
  • Игор Поп Трајков - автор на прецизна, звучна и децидна поезија. Пишува веќе 35 години, но ангажираноста му се одрази во застапеноста. Познавачите велат дека е обземачки, лесно разбирлив, вознемирувачки, но и разнежнет глас. Еден е од ретките кој има содржина и хумор.
  • Даниел Ѓорѓевски

Доколку имате напишано стихови што сакате да ги искажете јавно, на која било тема, слободно можете да го сторите тоа на „Тема:Не!“ - микрофонот ќе биде ваш!