Музеј на Македонија Logo

Посета на австрискиот амбасадор Н.Е. г. Мартин Памер

Посета на австрискиот амбасадор Н.Е. г. Мартин Памер

Денес во Музеј на Република Северна Македонија се одржа состанок на директорот на музејот Борче Топуковски со австрискиот амбасадор Н.Е. г. Мартин Памер во придружба на Ана Мишевска,референт за култура во амбасадата на Австрија и во присуство на вишите кустоси м-р Боро Бунтевски и Анета Попантоска.

На состанокот беше разговарано за воспоставување на поинтензивна соработка помеѓу амбасадата и музејот, при што беа изнесени конкретни предлози за проекти коишто би се реализирале во следниот период.