Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, беше во посета на Музејот на РС Македонија.
Тој се запозна со работата на музејот и имаше можност да ја посети постојаната етнолошка музејска поставка, како и привремената изложбата „Африкански лица“.
Во рамки на посетата амбасадорот Гир го изрази своето воодушевување од музејската колекција и од можноста да се запознае со презентираните содржини.