Музеј на Македонија Logo

Посета на министерот за култура и туризам Зоран Љутков

Посета на министерот за култура и туризам Зоран Љутков

Денес министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со актуелниот в.д директор на Музеј на Р. С. Македонија Борче Топуковски.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети најстарата и најголема музејска институција, Музејот на С Македонија. На средбата со в. д. директорот Борче Топуковски стана збор за состојбата, но и за начините како да се врати сјајот на Музејот што го собира, го чува, го проучува и го презентира нашето културно-историско наследство.

„Проектот за темелна реконструкција на музејскиот комплекс е изработен и водиме постапка за добивање одобрение за градба, со што веднаш би се започнало со реконструкција на покривот, а за темелна реконструкција на другиот дел од објектот во следниот период ќе следува тендер со повеќегодишна јавна набавка“, информираше Љутков.

Љутков изрази уверување дека со реализација на сите фази од проектот ќе се добие музејска институција според сите стандарди која, како што рече, ќе продолжи да биде чувар на нашето материјално и духовно културно наследство, како и достоен репрезент на нашата култура и традиција.