Денес во посета на Музејот и Центарот за едукација беа корисниците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години ,,Пролет” при Црвениот крст на Град Скопје.
Во рамки на посетата, тие ја разгледаа Етнолошката поставка, а потоа учествуваа во едукативна креативна работилница, на која со многу боја и имагинација ги украсуваа готовите глинени садови.
Преку музејот, учиме, создаваме и заедно споделуваме искуства.