Денес преку прошетка водена од вработените во Музеите, почнувајќи од НУ Археолошки музеј на Р. С. Македонија движејќи се до Национална Галерија - National Gallery - Galeria Nacionale (објект Даут-Пашин амам), потоа преку Stara Skopska Carsija до Музеј на Република С.Македонија и Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje се реализираше проектот „МАЈКА“ каде преку делата изложени во нашите музеи беше раскажана приказната за мајката единствена и сеопфатна во својата многузначна симболика.
Учениците уживаа во прошетката низ која се запознаа со делата за значењето на мајката низ сите времиња, а имаа и прилика одблиску да се соживеат со чаршијата и нејзините богатства како македонскиот рубин и разноликите занаетчиски работилници.