Музеј на Македонија Logo

Проект „Од жито до леб“

Проект „Од жито до леб“

Започнавме со реализација на проектот „Од жито до леб“, со децата од ЈУОДГ „Пролет“. На првиот час кој го одржавме на 05.02.2025г. децата заедно со едукаторите ја разгледаа етнолошката поставка на музејот, научија што е тоа музеј и како треба да се однесуваме при посета на музејот.
На вториот час кој го одржавме на 07.02.2025г. ја раскажавме приказната за житото, преку приказната децата научија како во минатото се обработувале нивите, каква била постапката за добивање на брашно и правење леб.