Од жито до леб – продолжуваме со нови знаења и креативни активности!
Денес, во рамките на проектот „Од жито до леб“, децата од групата „Лино“ при ЈУОДГ „Мајски цвет“ ја проследија приказната за лебот и се запознаа со традиционалниот начин на неговото подготвување. Дознаа како се меси лебот, кои садови и помагала се користат при месењето и печењето, како и за нивната улога во овој традиционален процес. Во продолжение, децата ги претставија своите цртежи, преку кои раскажуваа што најмногу им се допаднало и што оставило најсилен впечаток од нивната посета на Музејот на Македонија.
Преку приказни, разговор и креативно изразување, продолжуваме да го откриваме патот од жито до леб!