Во текот на оваа недела во Центарот за едукација, започнавме со реализација на проектот „Велигден“ заедно со учениците од IIIа, IIIб и IIIв од ООУ„Браќа Миладиновци“.
На првата работилница учениците преку приказната за празникот „Велигден“ дознаа зошто се слави овој празник и какви биле обичаите во минатото при празнување на Велигден.