Во текот на оваа недела започнавме со реализирање на едукативните работилници од проектот Коледе - Бадник со ученици од II-a, II-б и II-в при ООУ "Браќа Миладиновци ". На првиот час заедно со учениците откривме што е тоа музеј, како треба да се однесуваме и ја разгледувавме етнолошката поставка. На вториот час учениците преку приказна дознаа зошто се празнува Бадник, како се празнувал во минатото и кој се обичаите поврзани со овој празник.