Музеј на Македонија Logo

Прогласување на автокефалноста на Македонската Православна Црква

Прогласување на автокефалноста на Македонската Православна Црква

На денешен ден: 19 јули 1967 година е чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква.

Настаните започнале на 17 јули 1967 година со свикувањето на Третиот црковно-народен собор на кој Македонската православна црква се прогласува за автокрфална, а свечениот чин и објавувањето пред народот е на 19 јули 1967 година во црквата „Света Богородица Перивлепта“ (тогаш позната како Свети Климент).

На Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), носи одлука за прогласување автокефалност на МПЦ како наследничка на обновената Охридска архиепископија.

Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј чие световно име е Димитрија Стојковски.

По него за архиепископи на МПЦ се избрани г.Ангелариј (Цветко Крстевски), потоа г.Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г. Стефан (Стојан Велјановски).