Музеј на Македонија Logo

Работилница „Две култури, една убавина!“

Работилница „Две култури, една убавина!“

Денес со учениците од ООУ Браќа Миладиновци се одржа работилница "Две култури, една убавина!" во Музејот на Македонија.

Се учеше за македонските и мексиканските народни носии, ги забележавме разликите, но и сличностите меѓу нив.

Потоа преку прошетка во Старата Скопска чаршија, ги забележавме и различните материјали кои се употребуваа сега за правење на облека, со оние од минатото.

Во бојаџилската работилница го видовме и начинот на боење на материјалите од минатото и денес. На крај ова прекрасно дружење заврши со мало освежување со лимонада.

Учениците беа придружувани и водени низ музејот од кустосот етнолог, Наде Костадиновска-Спасеновска.