Музеј на Македонија Logo

Работилница исполнета со учење и инспирација

Работилница исполнета со учење и инспирација

Денес во нашиот Едукативен центар се одржа уште една прекрасна работилница, реализирана во соработка со Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвениот крст на град Скопје.

Кога животното искуство се спојува со младешката радост и креативност, се создава вистинска уметност. Преку моделирање и обликување на глината, нашите учесници покажаа дека секогаш постои можност за нов начин на изразување, споделување и учење. Особено ни значат ваквите средби – затоа што преку нив повторно ја откриваме безвремената радост на создавањето.

Бидете дел од нашите следни креативни приказни!

Можете да се пријавите на нашите социјални мрежи или јавете ни се на 071 837 046.

Бројот на места е ограничен на 15 учесници.