Музеј на Македонија Logo

Работилница исполнета со учење и инспирација

Работилница исполнета со учење и инспирација

Уште еден убав ден помина во нашиот Едукативен центар, каде што повторно се дружевме со Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвениот крст на град Скопје, преку заедничка работилница.

Кога искуството ќе се сретне со креативниот проток, се раѓа вистинска магија.

Нашите учесници ја обликуваа глината со раце полни љубов – доказ дека за учење, творештво и дружење никогаш не е доцна.

Придружете се и вие на некоја од нашите претстојни креативни средби!

Можете да се пријавите на нашите социјални мрежи или јавете ни се на 071 837 046.

Бројот на места е ограничен на 15 учесници.