Музеј на Македонија Logo

РАБОТНА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ

РАБОТНА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ

РАБОТНА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ СЕДАТ СУЛЕЈМАНИ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

На 9 септември 2026, министерот за култура и туризам, г. Седат Сулејмани, беше во работна посета на Музејот на Македонија, каде што оствари работна средба со директорот на Музејот, Александар Ристевски.

Во рамки на посетата, директорот Ристевски ја презентираше состојбите и тековните предизвици во Музејот на Македонија, и неговата комплексност како интердисциплинарна матична установа, како и кадровските и инфраструктурните предизвици.

Потенцирана е потребата од зајакнување на стручниот кадар и натамошно унапредување на кадровските капацитети на Музејот. Музејот има потреба од целосна санација на објектот, депоата, но и изложбениот простор, а потребно е да се одреди динамика на истата, за да овој најголем матичен музеј го врати својот сјај, но и пред јавноста го презентира целото свое богатство.

Се зборуваше и за програмата со која Музејот аплицираше за годишната програма во 2027, во која институцијата би добила можност да биде репрезентативно застапена.