Музеј на Македонија Logo

Самостојна изложба на Христина Иваноска - „Џинови и снегулки”

Самостојна изложба на Христина Иваноска - „Џинови и снегулки”

Детали од самостојната изложба на Христина Иваноска, „Џинови и снегулки”.

Со задоволство ве покануваме на отворањето на изложбата на 24 декември (вторник) во 19 часот во Музеј на Република Северна Македонија.

Џинови и снегулки | самостојна изложба на Христина Иваноска

Оваа изложба е дел од проектот „Архиви на невидливите 3.0“, поддржан од Фондацијата Heinrich-Böll-Stiftung и Министерство за култура / Ministria e Kulturës. Изложбата е реализирана како соработка помеѓу Center for Research of Nationalism and Culture - ЦИНИК и Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ Tiiiit! Inc. со што истата ќе е дел од дванаесеттото издание на фестивалот, чии поддржувачи се Sigrid Rausing Trust и Equality Fund.

Насловот на изложбата „Џинови и снегулки“, реферира на истоимената поема од книгата поезија „Егејска барутна бајка“ на писателот Славко Јаневски, која е објавена во 64-тиот број на „Македонка“ од 1950 година.