Во Центарот за музејска едукација при Музеј на Република Северна Македонија од 18.12.2023г. до 22.12.2023г. се реализираа работилници на тема „Новогодишни украси со етно мотиви“, со ученици од ООУ Браќа Миладиновци и ООУ Љубен Лапе. Учесниците изработуваа новогодишни укрси, лампиони, честитки со етнолошки мотиви – орнаменти, инспирирани од нашите народни носии, везови и ќилими. На крајот од работилницата учениците ги запишуваа своите новогодишни желби.